Утрински Весник
Свет

Во Србија регистрирани 100 новозаразени со коронавирус, што е најмал број на нови инфекции од 21 јуни

Во Србија регистрирани 100 новозаразени со коронавирус, што е најмал број на нови инфекции од 21 јуни

Бројот на заразени со коронавирус во последните 24 часа во Србија е 100.

Во тој период се извршени вкупно 7.352 тестирања.

Уште три лица починаа во Србија како резултат на инфекција со коронавирус.

Досега во Србија починаа 677 лица. Вкупниот број регистрирани случаи досега е 29.782, а тестирани се 811.920 лица.

На респиратор се наоѓаат 68 лица, а само 78 лица се хоспитализирани за 24 часа. Вкупно 1.612 лица се лекуваат во болници.

Ова е најмал број на новозаразени по 23 јуни, кога имало 102.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

По израелски напад во Појасот Газа загинаа двајца новинари на Ал Џезира

Шефот на СЗО потврди дека е откриен полиовирус во Газа, повика на превенција

Венеција од утре го ограничува бројот на луѓе во туристичките групи на максимум 25