Утрински Весник
Свет

Во Хрватска, 85 новозаразени со коронавирус во изминатиот ден

Во Хрватска, 85 новозаразени со коронавирус во изминатиот ден

Во изминатите 24 часа се регистрирани 85 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на заразени (активни случаи) во Хрватска денес е вкупно 1236.

Меѓу нив, 126 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 11 се на респиратор. Нема починати.

Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 6.656 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 166 починале, а 5.254 оздравеле.

Во моментов има 4516 лица во самоизолација.

До денес, тестирани се вкупно 138.647 лица, од кои 990 во последните 24 часа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

По израелски напад во Појасот Газа загинаа двајца новинари на Ал Џезира

Шефот на СЗО потврди дека е откриен полиовирус во Газа, повика на превенција

Венеција од утре го ограничува бројот на луѓе во туристичките групи на максимум 25