„Министерот за здравство Венко Филипче изјавува дека опозицијата била виновна што бил блокиран кредитот од Светска Банка и дека постојано манипулира со бројките.Ова претставува брутална лага од страна на човекот кој е пример за неуспех и кој на своја совест го има колабирањето на здравствениот систем, што народот го чини животи. Единствен што манипулира е токму Венко Филипче кој велеше дека бројката на заболени ќе достигне 2.000, а денес имаме над 12.700 заразени. Фијаско! Десет пати повеќе од тоа што Филипче го прогнозираше“, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, Филипче, слушајќи го својот ментор, претходникот, оној кој го нарекуваа министер за смрт, воведоа систем кој не дава резултати и кој е еден од најнеуспешните во Европа. Токму поради неспособноста на овој човек денес граѓаните се затворени во кафез и земјите од Европската Унија и понатаму остануваат затворени за нас за движење.
„Кредитот од Светска Банка, за кој вели дека не бил одобрен од опозицијата, е само параванот со кој Филипче сака да ја крие од јавноста и да ја оправдува својата неспособност.На крајот, што ја спречуваше владата, чиј министер е Филипче, да го одобри кредитот од Светска Банка со еден потпис на нивниот министер, како што тоа веќе еднаш го направија во февруари оваа година. Главната поента е што, од една милијарда евра кредити, сите до едно евро се потрошија на изборен поткуп, а во здравството, наместо борба против корона, се изгради една монтажна болница која е странска донација.
Што стана со Клиничкиот центар кој го ветуваше Филипче? Ниту една цигла не е ставена. Брутално излажа. Се стопираше и градбата на Клиничката болница во Штип.Што стана и со помошта која ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски ја побара и договори со словенечкиот премиер Јанша во справувањето со ковид – кризата? Единствено што Филипче го интересира е личниот интерес. И во тој контекст Филипче, наместо справување со Ковид кризата, единствено останува посветен на парцелите и хациендата во Нерези. Само таму, без застој, се развива проектот „Касарна” на министерот за здравство. Неуспехот во борбата против короната има име и презиме. Се вика Венко Филипче“, додаде Стојановска.