Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјави дека ќе биде првиот човек во земјата кој ќе ја прими неодамна најавената руска вакција против Ковид-19, „Спутник V Ковид-19“ кога ќе пристигне во Венецуела, пренесува РТ.
„Мило ми е што Русија ќе биде првата земја во светот што ќе го вакцинира своето население. Ќе дојде време кога сите ќе се вакцинираме, а првиот што ќе се вакцинира сум јас. Ќе ја примам и ќе дадам пример“, рече Мадуро во телевизиското обраќање во неделата.
Руската вакцина против Ковид-19, наречена „Спутник V“, е прва во светот што доби со официјално одобрување и веќе влезе во производство. Според руските власти, околу 20 земји изразиле интерес за неа. Датумот на испорака за пратките на вакцината во Венецуела сè уште не е познат.
Според последните бројки од ресурсниот центар за коронавирус „Џон Хопкинс“, Венецуела потврдила над 33.750 случаи позитивни на Ковид-19, а бројот на починати е 281.