Опрема за следење во Хаг е откриена во автомобилот на руското воено аташе во Хаг, пренесува Спутник. Амбасадорката на Холандија, Доминик Бејкер-Кулинг била повикана во Министерството за надворешни работи на Русија, каде и бил изразен протест поради опремата за следење, која била пронајдена во службениот автомобил на воениот аташе на Русија во Хаг.
„Министерството за надворешни работи на Русија остро протестираше до холандскиот амбасадор поради откривањето на опрема за следење во автомобилот на воениот аташе на Русија во Хаг“, се наведува во објавата на руското министерство. Според нив, ваквите активности „ги влошуваат веќе комплицираните билатерални односи“.