Утрински Весник
Свет

Филипински министер повторно се зарази со коронавирус

Филипински министер повторно се зарази со коронавирус

Филипински министер е повторно позитивен на тестот за коронавирус, пет месеци по првото дијагностицирање, сооштија тамошните власти, откако експертите испитуваа дали е можно тој повторно да е заразен.

Министерот за внатрешни работи Едуардо Ано, предводник на борбата во Филипини против коронавирусот, рече дека тој бил тестиран позитивно за коронавирус во саботата, откако имаше симптоми слични на грип минатата недела.

На него му беше дијагностициран коронавирус во март, но потоа не покажа знаци на заболување.

Студиите покажуваат дека заразените луѓе развиваат антитела околу една недела по инфекцијата или почетокот на симптомите. Но, научниците сè уште се сомневаат дали телото создава доволно силен имунитет за да се одврати од напад на нов вирус и колку трае ваковиот имунитет.

Некои студии покажуваат дека пациентите кои се опоравуваат од Ковид-19 можат да изгубат имунитет по месеци, или по неколку недели.

Претставникот на Министерството за здравство на Филипини, Марија Розарио Вергеире изјави дека се испитуваат симптомите на Ано, претходниот позитивен тест и лабораториски резултати за да се види дали станува збор за нова инфекција.

„Да не го нарекуваме тоа повторна инфекција. Научната заедница сè уште не прифатила дека тоа е можно“, предупреди таа.

Филипините бележат 160.000 случаи на инфекција, најмногу од која било земја во Југоисточна Азија, со повеќе од 2,6 илјади мртви.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд

Кендал: Земјите-членки на НАТО се вовлечени во „скриена кибервојна“ со Русија