Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Таравари безусловно кај СДСМ и ВМРО, а ги условува само Албанците

Таравари: ДУИ оди во опозиција, не го прифаќаме нивниот концепт

Албанците не заслужуваат толку недостоинствена и неконзистентна опозиција која поставува услови само за Албанците, додека скитаат по ходниците на СДСМ и на ВМРО само за да предизвикаат неуспех во реализациката на националните прашања, `и порача ДУИ на албанската опозиција.

„ Поднесете оставка за својата 16-та загуба по ред, бидете достоинствени и со демократски капацитет и не ги потценувајте ги Албанците. Неуспешните узурпатори на опозицискиот кампус својот личен неуспех го претвораат во неуспех на Албанците стоејќи на шалтерите на СДСМ и ВМРО дење и ноќе со молби албанските барања да не се реализираат.

Албанците никогаш нема да го заборават ова понижување и ова неумесно однесување на албанската опозиција, како и неразумното напуштање на Заедничката тркалезна маса на албанските парламентарни партии.

Поднесете оставка и ослободете ја опозициската сцена која многу години ја окупирате заради лични интереси.

Албанците се одлучија за ДУИ и ние имаме обврска да се грижиме и за опозициските гласачи затоа што тие не гласаа за вас да останете на приемните шалтери во ходниците на СДСМ и ВМРО, туку да го застапувате албанскиот интерес и да не работите за нарушување и неуспех“ велат од ДУИ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина