Утрински Весник
Спорт

Можe ли Шахтјор вечерва да го задржи феноменалниот Лукаку?

Можe ли Шахтјор вечерва да го задржи феноменалниот Лукаку?

Фудбалерите на милански Интер и на украински Шахтјор од Доњецк вечерва во 21 часот, во Келн го играат второто полуфинале од Лига Европа.

Ден по пласманот на Севилја во големото финале на ова натпреварување, ќе биде познат и противникот на патот кон трофејот. Севилја досега петпати го освоила ова натпреварување кое во минатото беше познато како Куп на УЕФА.

Од една страна е Интер предводен од тренерот Антонио Конте и во нападот со феноменалниот сезонава Ромелу Лукаку (рекордер е, постигнува 9 гола во низа во ЛЕ), а од другата страна колонија Бразилци во украинскиот тим.

Поголеми шанси на овој меч му се даваат на Интер. „Нероазурите“ на патот до полуфиналето ги елиминираше шшански Хетафе и германски Баер Леверкузен.

Шахтјор, пак, беше убедлив проти в бундеслигашот Волфсбург и против швајцарски Базел.

Интер сака солидната сезона да ја заврши со трофеј кој досега трипати го освојувале, последен пат во 1998 година.

Од друга страна Шахтјор пехарот од ова натпреварување го крена во 2009 година.

Лига Европа досега покажала дека е непредвидливо натпреварување, посебно во овој формат, направен поради пандемијата на коронавирусот.

Финалето на ЛЕ ќе се игра во петок, во Келн.

> Можe ли Шахтјор вечерва да го задржи феноменалниот Лукаку? <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо