Утрински Весник
Свет

Тихановскаја: Подготвена сум да станам национален лидер

Главната противничка на Лукашенко ја напушти земјата

Противкандидатката на белорускиот претседател Александар Лукашенко, на претседателските избори, Светлана Тихановскаја, изјави дека е подготвена да стане национален лидер.

„ Подготвена сум да преземам одговорност и да се однесувам како национален лидер, за да се смири ситуацијата во земјата и да се врати нормалниот ритам“ рекла таа во видео порака објавен нас Јутјуб каналот, пренесе ТАС С.

Таа истовремено побара ослободување на сите политички затвореници, како и да се подготви правна рамка и услови за нови претседателски избори кои би ги признала и меѓународната заедница.

Во Белорусија веќе една недела траат протестите поради претседателските избори на кои победа прогласи Лукашенко, кој освои над 80 отсто од гласовите.

Тихановскаја на тие избори освои околу 10 отсто од гласовите, но потоа побегна во Литванија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел: Подземниот бункер на Али Хаменеи во Техеран нападнат со околу 50 борбени авиони

Околу 1000 луѓе евакуирани од Блискиот Исток со летови поддржани од ЕУ

Трамп до Иран: Единствена опција е безусловна предавање