Утрински Весник
Македонија

Санкционирани 184 непрописно паркирани возила во Центар

Санкционирани 184 непрописно паркирани возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционирале 184 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

„Во периодот од 10.08. до 16.08.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 92 непрописно паркирани возила, од кои едно (1) несовесно паркирано возило на паркинг место наменето за лица со посебни потреби, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 92 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“ се наведува во извештајот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Екс премиерот Ковачевски стана претседател на невладина организација РЕФОРМ 5, првиот настан ќе го одржи денеска

2 години Влада – од 1198, резултатот на остварените ветувања на Мицкоски е НУЛА, велат од СДСМ

Амандманска расправа по предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба