Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Зголемен број на породувања во болницата во Чаир, 300 повеќе во споредба со лани

Зголемен број на породувања во болницата во Чаир, 300 повеќе во споредба со лани
Img 7972

Во Специјалната болница по гинекологија „Мајка Тереза“ во Чаир, евидентирано е зголемување на бројот на породувања во изминатите седум месеци, во споредба со истиот период минатата година, информираат од Министерството за здравство.

„Од почетокот на годинава, до крајот на јули, се извршени 2.511 породувања, што е за речиси 300 породувања повеќе во однос на овој период лани, кога биле реализирани 2.222 породувања“, се наведува во соопштението.

Од болницата информираат дека и во услови на Ковид-19, работата тече регуларно, односно болницата ги спроведува породувањата, како и сите прегледи и скринизи за фетусни аномалии.

„Во нашата болница постојано се преземаат мерки за заштита од Ковид-19, задолжително е носење маска, на пациентките им се мери температура на влез и дозволен е влез само на пациентката што е дојдена на преглед, додека придружбата чека надвор. Исто така, задолжително е носење на заштитна опрема на вработените, се врши и зајакната хигиена и дезинфекција во собите и во ходниците, а се врши и почесто земање брисеви од работните површини и од воздухот“, информираат од Специјалната болница по гинекологија „Мајка Тереза“ во Чаир.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне со услови за слаб локален дожд

Премиерот Мицкоски ќе ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

Последни три дена од изборната кампања