Утрински Весник
Магазин

Дома е најубаво: Меган Маркл ја прекинa тишината по враќањето во САД

Дома е најубаво: Меган Маркл ја прекинa тишината по враќањето во САД

Во ново интервју, Меган Маркл вели дека добро е да се биде домa во Америка и ветува дека во иднина ќе биде погласнa во борбата против расизмот.

Војвотката од Сасекс зборуваше за смртта на Џорџ Флојд во рацете на полицијата и рече дека со нетрпение очекува да биде дел од очекуваните измени во однос на расизмот и несвесната пристрасност.

Меган говореше за 19thNews, кои за себе тврдат дека се непрофитна, непартиска редакција која што известува за таканаречениот самит за претставување – недела на виртуелни разговори со водечки жени во политиката и во јавниот живот.

Во едно од првите интервјуа по враќањето во САД, Меган вели „Беше тажно да се види каде е нашата земја во тој момент.“

Таа додаде: „Од моја гледна точка, не е ново да се види ваков наплив на расизам и несвесна пристрасност, но навистина се радувам на промените што се прават сега – и едвај чекам да бидам дел од тој процес“.

„И да бидам дел од користењето на мојот глас на начин на кој претходно не можев. “Значи, да, добро е да се биде дома”.

Најновото појавување на Меган се случува во време кога многумина стравуваат дека експлозивната биографија на новинарите Омид Скоби и Каролин Дуранд ќе предизвика трајна штета во кралското семејство.

Во книгата од 347 страници опишани се приватни детали од животот на Сасексови, вклучувајќи ги и фрустрациите на парот во животот зад зидовите на палатата и бројните испади во кругот на монархијата.

Британски „Мирор“ цитира инсајдер кој вели дека биографијата „Пронаоѓање слобода: Хари и Меган и создавање модерно кралско семејство“, е крајно еднострана приказна која ќе остави трајни лузни на односите на парот со остатокот од кралското семејство, особено со тие од врвот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Лазаров најавува второ издание на Lazarov Awards во засилување со Игор Џамбазов

Дневен хороскоп за 05 март 2026

Мачките никогаш не треба да ги храните со овие намирници