Утрински Весник
Спорт

Портланд ги „минаа“ Гризлис и сега ќе играат со Лејкерси

Портланд ги „минаа“ Гризлис и сега ќе играат со Лејкерси

Портланд трејлбејзерс ги совладаа Мемфис гризлис со 126:122 во таканаречениот „плеј-ин“ меч и сега ќе се судрат со првите носители на Западот, Лос Анџелес лејкерс во првото коло од плејофот.

Трејлблејзерси имаа одлична прва четвртина по која направија 12 поени предност (31:19), предност која ја оддржаа до полувремето (58:52), но Гризлис не беа подготвени да се откажат и направија пресврт и стигнаа до 94:89 водство. Сепак, на крајот со тројката на Кармело Ентони стигнаа до плејофот.

Дамијан Лилард заврши со 31 поени, Меккалам додаде 29, а Јусуф Нуркиќ имаше 22 поени, 22 скока и 6 асистенции. За Мемфис, Џа Морент имаше 35 поени, а Валанчиунас додаде 22 поени и 17 скока.



> Портланд ги „минаа“ Гризлис и сега ќе играат со Лејкерси <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ рутински се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри

Француската триатлонка Богран го освои златото на Олимписките игри

Надал и Алкараз се пласираа во четвртфиналето во двојки на олимпискиот тениски турнир