Утрински Весник
Свет

(Видео) Во Будва одржана литија на вода, СПЦ на чамци во одбрана на светилиштата во Црна Гора

(Видео) Во Будва одржана литија на вода, СПЦ на чамци во одбрана на светилиштата во Црна Гора
300x250 (7)

Во Будва се одржа првата голема литија на вода за одбрана на храмовите и светите места на Српската православна црква (СПЦ) во Црна Гора, како реакција на спорниот Закон за слобода на вероисповед.

Како што пренесува Б92, граѓаните се собрале во близина на Свети Стефан, а на настанот присуствувале и личности од политичкиот живот во земјата.

Ss1

Литија, која започнала од Стариот град до Свети Стефан, претходно била запрена од патролен брод на капетанијата, а од учесниците биле побарале документи кои би докажале дека имаат одобрение за организирање на литијата.

Потоа, капитенијата им дозволила на чамците да продолжат да пловат кон Свети Стефан, пренесува „Вијести“.

Додека чамците мирувале, од присутните се слушнале извици – „не ги даваме светилиштата“.

Од чамците се слушало „Мило крадецу, не ти ги даваме светилишта“.

Спорниот Закон за слобода на вероисповед има за цел да ја регулира сопственоста на имотот на верските заедници и предвидува сите верски објекти кои претставуваат културно наследство и биле сопственост на Црна Гора пред губењето на нејзината независност во 1918 година, а кои подоцна не станале сопственост на религиозните заедници по соодвети правни процедури, да бидат признаени како државен имот.

Според СПЦ, извесно е дека официјална Подгорица со законот ќе добие можност да стави рака врз нејзините светилишта во Црна Гора, меѓу кои и на Острог.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Бројот на жртвите од поплавите во Бразил се зголеми на 56

Египетски медиуми: Забележлив напредок во разговорите Хамас-Израел

Сандерс им порача на американските студенти дека се на вистинската страна на историјата