Утрински Весник
Свет

Хаос во сообраќајот, Британците брзаа кон дома за да избегнат карантин

Хаос во сообраќајот, Британците брзаа кон дома за да избегнат карантин
Dik 300x250 mk

Илјадници туристи имаа само неколку часа да се вратат во Велика Британија за да ги избегнат карантинските мерки наметнати кон Франција, што стапија на сила денеска. Двонеделна изолација е задолжителна од 4 часот наутро по лондоснко време и исто така се однесува на сите лица кои доаѓаат од Холандија, Монако, Малта, Островите Туркс и Каикос и Аруба, пишува Би-би-си.

Железничките линии низ „Евротунелот“ беа распродадени во петокот, а патниците скапо плаќале и за авионски билети, па дури и некои траекти го зголемиле капацитетот.

Франција предупреди дека ќе преземе реципрочни мерки, а Холандија ги предупреди своите граѓани да ги избегнуваат сите непотребни патувања во Велика Британија, иако тамошните власти порачаа дека нема да воведат реципрочни мерки.

Споменатите земји се најдоа под карантински ограничувања, бидејќи стапката на инфекција на нивната територија надмина 20 случаи на 100.000 жители во текот на седум дена, изјави британскиот министер за транспорт, Грант Шапс.

Тој за Би-би-си изјави дека во моментот во Франција има околу 160.000 британски туристи и порача дека последното нешто што го посакува е луѓето да се вратат дома и да ја донесат инфекцијата со себе.

Крајниот рок за да се вратат без 14-дневна изолација принуди многу патници да бркаат авиони, возови или траекти, за превоз кој чини и по стотици фунти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа