Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ размислува да поднесе иницијатива до Уставен за мандатот на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Заев противправно го узурпира мандатот, а соучесник во кршење на Уставот е и Пендаровски

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на прес конференција изјави дека партијата размислува да поднесе уставна иницијатива во однос на врачувањето на мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од страна на претседателот Стево Пендаровски.

„ Во моментов можам само да ви откријам дека од коешто го размислува ВМРО-ДПМНЕ и за коешто многу набрзо ќе има конкретен одговор е дека размислуваме за поднесување на уставна иницијатива. Бидејќи во моментов Стево Пендаровски го узурпираше мандатот доделувајќи му го на еден пратеник, ист како и 119 други пратеници коишто се во Собранието, Зоран Заев којшто нема мнозинство, му го додели мандатотот и практично го узурпираше се со цел да му даде повеќе време, дваесетина дена да купи време за да може на непринципиелен начин да се обиде да народски кажано „лови пратеници“ од остатаните листи коишто партиципираат во Собранието со непринципелни методи.

Секогаш кога ќе биде прекршен Уставот, Уставниот суд е должен да излезе и да го заштити уставот, така да размислуваме за уставна иницијатива и многу набрзо ќе се знае конкретниот чекор во однос на поднесување на истата“ рече Арсовски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кузмановска: Ракот не погодува само еден – туку целото семејство

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!