Повеќето луѓе можеби стравуваат да го поминат целиот свој живот во авион, но не и Брус Кембел. Тоа е затоа што неговиот авион, кој останува на земја, е неговиот дом.
Брус Кемпбел, пензиониран електроинженер, направил уникатно место за живеење во стар Боинг 727. Тој го купил авионот за 100.000 долари уште во 1999 година. Со реновирање и други трошоци, вкупната цена на проектот се проценува на околу 220.000 долари. За да биде погоден за транспорт преку копно од едно до друго место, крилјата и опашката на авионот морало привремено да се отстранат.
Поранешниот електроинженер отсекогаш имал креативна визија. Кога бил во раните дваесетти години, тој купил парче земја од 10 хектари во шумата Хилсборо, Орегон, за 23.000 долари со многу јасна визија што ќе прави со тоа.
Стариот авион и големиот имот ги претвори во најуникатен дом во светот.