Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Поранешна членка на Сциентолошката црква тврди дека Том Круз сака ќерката да ја вовлече во секта

Поранешна членка на Сциентолошката црква тврди дека Том Круз сака ќерката да ја вовлече во секта
300x250 opst2

Актерката Леа Ремини, поранешна членка на Сциентолошката црква, а денес голема критичарка на оваа секта, за „Њујорк пост“ изјави дека е многу веројатно оти Том чека ќерка му Сури да наврши 15 години со цел да ја одземе од мајка ѝ и да ја намами во сциентологијата.

Познато е дека Том нема никаков контакт со својата ќерка бидејќи на сциентолозите не им е дозволено да одржуваат врска со луѓе што не се членови.

„Сциентолозите сметаат дека Кејти Холмс, поранешната сопруга на Том и мајка на Сури, е нивен непријател и затоа Том, како и другите сциентолози, смета дека не треба да има врска со Сури. Сигурен сум дека тој има злобен план и чека таа да биде малку постара за да може да ја раздели од мајка ѝ и да ја намами во сциентологијата“, тврди Леа.

Том не ја видел својата ќерка откога таа имала седум години, а сега има 14.

Леа исто така рече дека била изненадена кога Кејти го напуштила Том.

„Ја познавав додека беше на сциентологијата и се чинеше дека е многу индоктринирана. Но, јас разбирам дека таа го направи сето тоа за да ја заштити својата ќерка. Можам само да претпоставам дека имало некаков договор што ја штити“, рече таа.

Таа додаде дека се гордее со Кејти затоа што ја извлекла Сури од нешто што било потенцијално токсично и опасно за неа.

Таа изјави дека Том не го смета за добра личност затоа што мирно продолжува да го гледа уништувањето на животите на луѓето.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

„Ем-ти-ви“ затвора свои канали во Велика Британија и неколку други земји

Научниците открија истекување на метан на морското дно кај Антарктикот

Ина реагираше на поддршката од група лекари за неврологот Кузмановски: „Лекарската комора има неповторлива можност да застане сега со осигурениците