Утрински Весник
Македонија

Во Пехчево двајца новозаразени, веќе не е град без активни случаи на коронавирус

Во Пехчево двајца новозаразени, веќе не е град без активни случаи на коронавирус

До денеска, Пехчево важеше за единствениот град во земјава, во кој нема активен случај на коронавирус.

Но ова се смени по објавувањето на дневната статистиката на Министерството за здравство, според која од 160 нови случаи, во изминатите 24 часа, два се од Пехчево.

Со новите случаи, во овој град од почетокот на пандемијата регистрирани се вкупно 8, но шестмина веќе се излекувани.

Според најновите податоци, најмногу активни случаи има во Скопје (986), Штип (293), Гостивар (264), Куманово (243), Струга (169) и Тетово (156).

Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.950 и првпат по речиси два месеца е под 3.000.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.515, бројката на оздравени пациенти е 9.030, а на починати е 535.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

МВР поднесе кривична пријава против 21 лице за недозволена трговија со дрога и економски криминал

Левица поднесе интерпелација за министерката Божиновска

Скопјанец бил казнет за сообраќаен прекршок па телефонски му се заканувал на полицаецот