Утрински Весник
Спорт

Конте „крпи“ дупки во средината, Канте идеален за „нероазурите“

Конте „крпи“ дупки во средината, Канте идеален за „нероазурите“

Францускиот фудбалер од средниот ред на Челси, Н`Голо Канте е голема желба на тренерот на Интер, Италијанецот Антонио Конте во овој преоден рок.

Конте интензивно бара засилување на средниот ред на тимот од „Џузепе Меаца“, па неговиот поранешен играч од времето додека беше кормилар во Челси е идеална прилика за тоа.

Доколку италијанскиот стратег го убеди Французинот да прејде во Милано, тоа би било голем удар за екипата на Френк Лампард затоа што токму денеска Вилијан ги напушти „сините“ и потпиша за градскиот ривал Арсенал.

Засега нема детали за евентуален договор, но медиумите во Италија пишуваат дека се големи шансите трансферот да се реализира.

> Конте „крпи“ дупки во средината, Канте идеален за „нероазурите“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Реал Мадрид го назначи Арбелоа за тренер

Алонсо сам одлучи да го напушти Реал поради себичноста на играчите и отсуството на поддршка од раководството

Алонсо доби отказ во Реал Мадрид