Утрински Весник
Свет

Помладиот брат на Трамп итно пренесен во болница во Њујорк

Помладиот брат на Трамп итно пренесен во болница во Њујорк

Помладиот брат на американскиот претседател Доналд Трамп, Роберт, е хоспитализиран во Њујорк, објави Белата куќа денеска, без дополнителни информации.

Портпаролот на Белата куќа, Џад Дир, потврди дека помладиот брат на Трамп е во болница.

„Претседателот се очекува да го посети неговиот брат подоцна во текот на денот“, додаде портпаролот.

Каналот Еј-би-си њуз соопшти дека Роберт Трамп бил „многу болен“, повикувајќи се на неименувани извори.

Засега не е познато за која болест станува збор.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“, Лондон протестира

Њујорк тајмс: Европа работи на алтернативен формат за преговори за Украина

Венецуела објави ослободување на 131 политички затвореник