Хрватската пејачка Северина на „Инстаграм“ објави дека е заразена со коронавирус.
Како што вели, нема никакви симптоми, а нејзиниот син Александар добил негативен резултат на тестот. Во објавата, таа се осврна и на текстовите во медиумите дека се заразила за време на забавите во Далмација.
Во продолжение, ова е нејзината објава во целост:
View this post on Instagram
Premda nemam nikakve simptome, danas sam dobila potvrdu da sam pozitivna na COVID 19, dok je test moga sina negativan. Odmah jutros, nakon kontakta s epidemiologom, poduzela sam sve mjere, promptno izvijestila oca djeteta te u dogovori s ocem predala ga dva dana prije određenog termina, da samoizolaciju provede s njim, bez obzira na negativan test. Kako bismo zajednički zaštitili privatnost i izbjegli stigmatizaciju djeteta, ujedno sam zamolila oca za diskreciju. Međutim, 20 minuta nakon što je otac preuzeo dijete, u srbijanskim se medijima pojavila vijest da sam zaražena ‘partijajući po Dalmaciji s djetetom’. Dakle, da, imam pozitivan test, nemam simptome, zarazila sam se od bliske osobe, vjerojatno po povratku u Zagreb, a ne tijekom ljetovanja u Dalmaciji. Budući je ta osoba jučer dobila pozitivan test, odmah smo sin i ja išli na ponovno testiranje, jer je naš prvi nalaz bio za oboje negativan. Apeliram na medije, posebno u Srbiji, da se suzdrže od objava neistinitih, neprovjerenih, odnosno izmišljenih informacija.
„Иако немам никакви симптоми, денес добив потврда дека сум позитивна за Ковид-19, а тестот на мојот син е негативен.
Веднаш утрово, по контакт со епидемиологот, ги презедов сите мерки, веднаш го известив таткото на детето и, во договор со таткото, го предадов два дена пред назначениот датум, за самоизолацијата да ја помине со него, без оглед на негативниот тест. Заради заедничка заштита на приватноста и избегнување на стигматизирање на детето, го замолив таткото за дискреција. Сепак, 20 минути откако таткото го зеде детето, во српските медиуми се појавија вести дека сум се заразила ‘забавувајќи се во Далмација’.
Значи, да, имам позитивен тест, немам никакви симптоми, се заразив од блиска личност, најверојатно по враќањето во Загреб, а не за време на мојот летен одмор во Далмација. Бидејќи таа личност вчера доби позитивен тест, мојот син и јас веднаш отидовме на повторно испитување, затоа што нашиот прв тест беше негативен.
Апелирам до медиумите, особено во Србија, да се воздржат од објавување невистинити и непроверени, односно фабрикувани информации“, се наведува во објавата на хрватската пејачка.