Утрински Весник
Македонија

Првпат по речиси два месеца бројот на активни случаи во земјава е под 3.000

Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Институтот за јавно здравје денес регистрира намален број на активни случаи, односно вкупно 2.950 лица во моментов се заразени со Ковид-19.

„После подолг период бројот на активни случаи е под 3.000. Последен пат под 3.000 активни случаи се регистрирани на 23 јуни. Поголемиот број на оздравени лица во споредба со новозаболените придонесува за намалување на бројот на активни случаи во континуитет во последниот период“, објаснуваат од Министерството за здравство.

Денеска се регистрирани и рекорден број на направени тестови на дневно ниво – 2.172, со што вкупната бројка на тестови во земјава достигна 123.122.

Потсетуваме, денеска регистрирани беа 160 нови случаи на коронавирус, оздравени се 368 пациенти, а починаа 3 лица.

Од Министерството за здравство информираат дека мерките за заштита од Ковид-19 даваат резултати секаде каде што се почитуваат.

„Граѓаните сè повеќе се придржуваат до препораките на здравствените власти за спречување на ширење на коронавирусот, а пристапот на широко тестирање дава резултати во откривањето на асимптоматските случаи“, се наведува во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

12-годишно дете со тешки повреди по експлозија на петарда во парк во Аеродром

МВР со детали за убиството на турскиот државјанин во Скопска чаршија

Мицкоски најави ново линеарно зголемување на пензиите во април