Утрински Весник
Македонија

Според ДУИ албанската опозицијата ги поткопува позициите оти не се појавиле на средбата со Ахмети

Според ДУИ албанската опозицијата ги поткопува позициите оти не се појавиле на средбата со Ахмети

ДУИ ја обвини опозицијата дека го напуштила Сојузот на албанските парламентарни партии кој бил основан по парламентарните избори од 11 декември 2016 година, преку Заедничката Декларација на партиите претставени во претходниот собраниски состав.

Со недоаѓањето на состанокот што го свика вчера Ахмети на годишнината од Рамковниот Договор, опозицијата заборавила на нивните ветувања, велат од ДУИ. Од партијата нагласуваат дека Ахмети лично ги контактирал телефонски сите претседатели на партиите од Албанскиот блок.

ДУИ тврди дека Гаши изразил подготвеност за средбата и после консултациите со Зијадин Села се откажал. Села пак, како што велат од ДУИ, барал состанокот да биде одржан по верификацијата на мандатите, но и тој се премислил. Касами од БЕСА ја прифатил поканата, а  Тачи после првиот разговор, не се јавил повеќе.

„Сите наеднаш заборавија на нивните ветувања и средбата со Ахмети ја заменија со средба со Заев чекајќи на ред и не почитувајќи ја волјата на Албанците и намерно обезвреднувајќи ги преговарачките позициите на Албанците. Уште од предизборието, и потоа, овие партии ги променија нивните ставови неколку пати по ред. Затоа, вчерашниот состанок беше свикан за да се дискутира во однос на нашите заеднички приоритети а не за да се обезбедиме поддршка, туку да ги поканиме дс споделиме одговорности и заеднички да станеме дел од градењето на историјата и да ги споделиме успесите“, велат од ДУИ.

Партијата обвинува дека албанските партии, без никаква причина одлучиле да го напуштат Сојузот и искрената понуда од ДУИ да ги
споделат одговорностите.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Локализиран е пожарот кај Пехчево

Димитриевски: ЗНАМ е еднаков партнер во власта, од ВРЕДИ грешат ако сметаат дека со овие гестови ќе иницираат дестабилизација на Владата

Влада: Формирано координативно тело за унапредување на високото образование, нова зграда на Драмски театар, план за капитални инвестиции во општините