Утрински Весник
Свет

Во делови од Шпанија воведена е забрана за пушење на отворено поради коронавирусот

Во делови од Шпанија воведена е забрана за пушење на отворено поради коронавирусот
Dik 300x250 mk

Две автономни управи во Шпанија воведоа забрана за пушење на отворен јавен простор како мерка против пораст на нови случаи на зараза со коронавирус.

Забраната за пушење на јавни места најпрво воведе провинцијата Галиција, а кон неа и се придружија Канарските острови.

Одлуката е донесена откако здравствените работници предупредија дека оние што пушат не се придржуваат кон правилата за носење маска на јавни места на отворено и може да бидат причинители за ширењето на вирусот.

Во одлуката е наведено дека пушењето е забрането, не само на јавни места, како што се улици и паркови, туку и на терасите на рестораните и кафулињата.

Властите уште еднаш потенцираа дека е неопходно граѓаните да ја користат маската веднаш штом ќе ја напуштат куќата, да одржат физичко растојание и да обрнат внимание на хигиената, а со тоа да спречат ширење на вирусот.

Освен во Галиција и Канарските Острови и во другите провинции во Шпанија, се разгледува можноста за воведување забрана за пушење.

Во Шпанија, во последните 24 часа се пријавени 2.935 нови случаи на коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп