Утрински Весник
Свет

Отворање на Алкатраз по неколкумесечен карантин

Отворање на Алкатраз по неколкумесечен карантин

Островот Алкатраз, познат по славниот затвор, се отвора во понеделник, откако беше затворен повеќе од пет месеци поради епидемијата на коронавирусот, објави управата на американските национални паркови.

Фериботите до островот ќе превезуваат помалку патници за да се овозможи физичко растојание, некои внатрешни делови од комплексот ќе останат затворени, а водичите ќе бидат воведени подоцна, се вели во соопштението.

Од понеделник ќе може повторно да се видат ќелиите однадвор, познатата зграда 64, канцеларијата на затворскиот директор, водената кула, офицерскиот клуб и работилницата.

Од отворените места, посетителите ќе можат да го обиколат островот Игл Плаза, дворот за рекреација и градината со рози, како и источниот, западниот и северниот пат.

Движењето ќе се одвива во една насока и ќе биде контролирано од ренџерите.

Алкатраз, дел од рекреативната област Голден Гејт, опфаќа површина од приближно девет хектари.

Некогашната тврдина од Граѓанската војна и воен затвор, од 1934 до 1963 година служеше како федерален затвор. За јавноста е отворен во 1973 година и стана толку популарен што билетите се распродадоа за неколку недели однапред.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме