Утрински Весник
Свет

Судар на грчки и турски воен брод во Медитеранот

Судар на грчки и турски воен брод во Медитеранот

Грчки и турски воен брод се судрија во источниот Медитеран, соопшти грчкото Министерство за одбрана, опишувајќи го настанот како „несреќен случај“.

Турскиот истражувачки брод се движел во водите помеѓу Кипар и грчкиот остров Крит, а бил набудуван од грчките воени бродови.

Во еден момент, дошло до судир помеѓу грчки и турски воен брод.

„Тоа беше несреќа“, изјави извор од Грција за Ројтерс.

Турција не го коментираше инцидентот во Медитеранот.

Тензиите помеѓу Атина и Анкара растат откако Турција испрати бродови за мапирање на делот од медитеранското дно, каде се верува дека се наоѓаат наоѓалишта на нафта и бензин.

И двете држави го бараат правото на тој дел од Медитеранот, поради што е закажан за денеска состанок на шефовите на дипломатијата на земјите членки на ЕУ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Белата куќа бара итно решение за зголемувањето на цените на горивата во САД

Иран тврди дека го погодил аеродромот Бен Гурион во Тел Авив, Израел демантира

Во Амстердам затворен голем пазар за украдени податоци