Утрински Весник
Политички Партии

ДОМ: Премиерската функција не е „весела математика”

ДОМ: Премиерската функција не е „весела математика”

За зелената партија ДОМ, барањето на ДУИ за премиер по етнички клуч е неприфатливо затоа што води кон поделеност на македонското општество, подем на национализмот и претставува закана за општествениот систем и современиот граѓански концепт-едно општество за сите.

Премиерската функција не смее да се претвори во „весела математика”, од типот 1+3, 2+2, 3+1. Дополнително, ротацијата на премиерската позиција би можела во иднина да стане пракса и за други политички функции што би довело до нефункционалност на институциите, соопшти партијата.

ДОМ смета дека сите политички субјекти треба да покажат одговорност и конструктивност, да ја остават зад себе предизборната популистичка реторика и да ги стават интересите на граѓаните и државата пред партиските интереси.

„Евроинтеграцијата, владеењето на правото, справувањето со здравствените и социо-економските предизвици од корона кризата како клучни приоритети на идната Влада, презентирани од мандатарот Заев, претставуваат принципиелна основа за обединување на различни политички субјекти и формирање парламентарно мнозинство и нова Влада. ДОМ бара во Програмата на идната влада да бидат вградени и принципите на Европскиот зелен договор на Европската Унија, за ефикасна борба против климатските промени и загадувањето на животната средина и заштита на биодиверзитетот“, се додава во соопштението.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт