Утрински Весник
Свет

Иран: Договорот меѓу Израел и Емиратите е нож во грбот на сите муслимани

Иран: Договорот меѓу Израел и Емиратите е нож во грбот на сите муслимани
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Иран остро го осуди историскиот договор за воспоставување целосни дипломатски односи меѓу Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Израел, оценувајќи дека ваквиот договор претставува нож во грбот на сите муслимани.

Во соопштението од Министерството за надворешни работи на Иран, нормализирањето на односите меѓу двете земји се оценува како опасна и срамна мерка и ги предупреди ОАЕ против мешањето на Израел во „политичката равенка“ во регионот на Заливот.

„Владата на ОАЕ и другите придружни влади мора да прифатат одговорност за сите последици од таа акција“, се вели во соопштението.

Иран оцени дека воспоставувањето дипломатски односи меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати ја открива „стратешката глупост“ на двете држави и смета дека тоа „несомнено ќе ја зајакне оската на отпорот во регионот“.

Историскиот договор беше постигнат со посредство на Соединетите американски држави и претседателот Доналд Трамп.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Белорусија распоредува ракети „Орешник“ на својата територија

Трамп: Хамас го чека пекол ако не се разоружа

Украина ја нападнала резиденцијата на Путин, Кремљ најави одговор