Од Белгиското ГП во Спа, Формула 1 тимовите нема да можат да го користат таканаречениот „квалификациски мод“ на моторите на своите болиди, одлучи ФИА.
Досега, болидите имаа различни сетинзи на моторите за квалификациите и тркањето, но федерацијата реши дека нема да се користи поинакво подесување на болидот за да се добие максимална брзина за еден круг.
Целта на одлуката на ФИА е да се има поинтересно тркање, бидејќи досега беше јасно дека Мерцедес можат да направат многу поголем скок во перформансите на квалификациите во споредба со ривалите, така што е јасно дека правилото е насочено против шесткратните шампиони. Од трката во Спа, тимовите нема да можат да ги допрат своите болиди помеѓу квалификациите и трката, ниту да прават модификации на моторите.
Останува да се види како ќе влијае ова на болидите со мотори на Мерцедес, а се очекува покрај фабричкиот шампионски тим драстично намалени перформанси во квалификациите да имаат Рејсинг поинт и Вилијамс.
> ФИА го забрани „квалификацискиот мод“, најголема жртва се Мерцедес <