ЈП Македонија Пат подружница Скопје почнувајќи од денеска ќе изведува градежни работи на пат (асфалтирање) на регионален пат Р-2238 с.Галичник – Маврово. Асфалтирањето ќе се одвива во правец од с,Галичник према Маврово. Работите ќе се одвиваат секој работен ден и за време на викенди во период од 10.00 – 16.00 часот кога сообраќајот ке биде во прекин. На место на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
На регионалниот патен правец Р2431 Штип – с.Аргулица – Плачковица (детско одморалиште), на делот од крак за с. Прналија, 500 метри после аеродромот, спрема викенд населбата (28050 километри), сообраќајот е во прекин поради оштетување на патот во должина од 50 метри. На самото место поставена е вертикална сообраќајна сигнализација.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.