Утрински Весник
Свет

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти предложија измени на стандардите, кои ќе овозможат притисокот на водата во главата на тушот да се засили.

По забелешките на Трамп, Министерството за енергетика одлучи да ги олесни регулативите. Трамп рече на еден настан во Белата куќа дека водата не тече доволно брзо од чешмите.

„И што да правите? Останувате таму подолго или подолго се туширате? Мојата коса – не знам за вас – мора да биде совршена“.

Минатиот декември Трамп рече дека службите за животна средина треба да ги проучуваат мијалниците, чешмите и тоалетните школки за да ги променат правилата, чија цел е штедење вода и гориво за греење вода.

„Луѓето сега ја пуштаат водата од казанчето десет или 15 пати наместо еднаш“, изјави Трамп на состанокот со сопствениците на мали бизниси во Белата куќа.

Здруженијата на потрошувачите ги осудија плановите истакнувајќи дека сегашните правила им заштедуваат пари на потрошувачите затоа што штедат вода и гориво.

Предлогот ќе овозможи тушевите да се вратат на стандардот од 1992 година во време кога Џорџ Х.В. Буш беше претседател.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани

ЕК: ЕУ останува цврсто посветена на итно искоренување на насилството врз жените

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта