Утрински Весник
Спорт

Лејкерси се „штедеа“ и загубија, Леброн се посрамоти

Лејкерси се „штедеа“ и загубија, Леброн се посрамоти

Лос Анџелес лејкерс ги одморија Кајл Кузма и Ентони Дејвис, а Леброн Џејмс играше само во првото полувреме (во кое убаво се посрамоти) за пораз од 136:122 во последниот меч од регуларната сезона за нив против Сакраменто кингс, кои веќе беа елиминирани од плејофот.

Леброн играше само на почетокот, кога го имаше ова „неславно“ двојно промашување, и на крајот мечот го заврши со 17 поени.

Богдан Богдановиќ имаше 27 поени, 6 скока и 9 асистенции, додека Немања Бјелица додаде 15 поени и 8 скока и 13 аситенции за „кралевите“.

Лејкерси сега го чекаат противникот во четврт-финалето на Западот, каде што го освоија првото место – Портланд трејлбејзерс се на осмото место и сега се во борба со Феникс санс, Мемфис гризлис и Сан Антонио спарс.

> Лејкерси се „штедеа“ и загубија, Леброн се посрамоти <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига