Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат договор за обновување на дипломатските билатерални односи.
„ОГРОМЕН чекор напред денеска! Историски мировен договор меѓу нашите две земји пријатели, Израел и Обединетите Арапски Емирати!“, напиша американскиот претседател.
HUGE breakthrough today! Historic Peace Agreement between our two GREAT friends, Israel and the United Arab Emirates!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) August 13, 2020
Мировниот договор, како што пишува Трамп, е прифатен од страна на израелскиот премиер Нетанјаху и Мохамед бин Зајед, престолонаследник на Абу Даби.
Израел, на барање на Трамп, се согласил да ги прекине плановите за зафаќање на повеќе области на палестинските територии. Наместо тоа, државата во иднина ќе треба да се фокусира на „проширување на односите со другите држави од арапскиот и муслиманскиот свет“, се вели во заедничката изјава објавена од тројцата претставници.
This peace deal unites two of America’s closest and most capable partners in the region. pic.twitter.com/7NlkyBjzix
— The White House (@WhiteHouse) August 13, 2020
Со договорот се овозможува муслиманите да имаат поголем пристап до џамијата Ал Акса во Стариот град Ерусалим, како и можност за отварање на летови од Абу Даби кон Тел Авив, но исто така, двете држави ќе треба ја прошират и забрзаат соработката во лекувањето и развојот на вакцината против Ковид-19.