Утрински Весник
Македонија

Десет мигранти откриени во камион во Тетово

Десет мигранти откриени во камион во Тетово

Во приколка од камион во кругот на тетовскиот царински терминал биле најдени 10 мигранти од Ирак, Пакистан и Бангладеш денес околу 12 часот.

Како што информираат од СВР Тетово, возачот и мигрантите се приведени за соодветната постапка.

Со возилото управувал 25-годишен маж, со иницијали А.С. од селото Горно Седларце.

Мигрантите се на возраст од 15 до 49 години.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Семејства затекнале бетонирани гробови и поместени парцели – АД „Бутел“ ја призна грешката!

Ја гореле со цигари и ја снимале со телефон, девојче тепано и понижувано од нејзини врснички во Ѓорче Петров

По години чекање конечно старт на Универзалната сала – Дали овојпат навистина ќе се заврши?