Утрински Весник
Македонија

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада.

„Честитки до Зоран Заев за мандатот за формирање влада на Северна Македонија и со нетрпение чекаме да работиме со новата влада, откако ќе биде формирана“, напиша Брнз на „Твитер“.

Таа нагласи и дека САД ја поддржува посветеноста на земјата на демократските принципи, владеењето на правото и нејзината европска иднина.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Земјотрес попладнево ја стресе Македонија

Мицкоски за посетата на Белгија: Тоа беше научнообразовна екскурзија

Уапсен возач од Германија на автопат возел над 200 км/ч