Утрински Весник
Свет

Помпео: Mу кажав на Лавров, ако се покаже дека се вмешани, ќе платат висока цена

Помпео: Можно е САД може да размислат за санкции против Белорусија

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, изјави дека испратил известување до министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

Помпео го известил Лавров дека, како што рече, ќе биде платена голема цена ако се покажат како точни извештаите дека извештаите на разузнавачките служби дека Русија ставала цена на главите на американските војници во рамките на мисијата во Авганистан.

Во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ), Помпео рече дека за тоа разговарале и претставници на американската армија со високи руски претставници.

„Њујорк Тајмс“ кон крајот на јуни извести дека Централната разузнавачка агенција на Русија наводно плаќала борци блиски до талибанците за успешно извршени напади врз американски војници и други припадници на силите на НАТО.

На прашањето дали им верува на тие извештаи, Помпео одговори:

„Ние тоа го разјаснивме. Знаеме дека Русите во минатото ги вооружувале талибанците, знаеме дека Иранците денес сè уште ги вооружуваат“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија и Украина разменија нова група воени заробеници

Песков: Не е планирана заедничка декларација по средбата Путин-Трамп

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз