Утрински Весник
Свет

Нов потенцијален извор на вирусот во Кина – корона на замрзнати пилешки крилца од Бразил

Нов потенцијален извор на вирусот во Кина – корона на замрзнати пилешки крилца од Бразил
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Властите во кинескиот град Шенжен соопштија дека преку анализа утврдено било присуство на коронавирус на увезени пилешки крилца од Бразил.

Слична ситуација се случила вчера и во градот Вухан, каде анализата утврдила дека ракчиња увезени од Еквадор биле контаминирани со коронавирус, јави Би-би-си.

И двата случаи ги зголемија стравувањата дека увезената храна може да предизвика нов бран на ширење на коронавирусот, а властите во Шенжен ги повикаа граѓаните да ги преземат неопходните мерки на претпазливост за да се избегне нов бран кој би се проширил преку увезени прехранбени производи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Хамас го чека пекол ако не се разоружа

Украина ја нападнала резиденцијата на Путин, Кремљ најави одговор

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо