Израелските одбранбени сили (ИДФ) извршија неколку напади врз воени цели на радикалното движење Хамас во Појасот Газа како одговор на лансирањето балони кои носат експлозив преку границата, информираше израелското Министерство за одбрана, пренесува ТАСС.
„ИДФ нападнаа неколку цели на Хамас на територијата на Појасот Газа, информира прес-службата. Нападот беше извршен како одговор на лансирање балони кои носат експлозив од Појасот Газа на територијата на Израел во текот на изминатата недела“, се вели во соопштението објавено од израелските одбранбени сили.
Според информациите добиени од теренот, нападнати се позициите на вооруженото крило на Хамас „Изедин ел Касам“ на повеќе локации во Газа. Засега нема информации за евентуални жртви или ранети во израелските воздушни напади.
Израел ги погоди целите на Хамас во Појасот Газа четири пати овој месец (на 6, 9, 12 и 13 август) како одговор на нападите со запаливи балони.