Утрински Весник
Македонија

Ахмети: Заев треба да понуди силни аргументи зошто Албанец не би бил премиер

Ахмети: Заев треба да понуди силни аргументи зошто Албанец не би бил премиер
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на брифинг за новинарите денеска рече дека деновиве продолжуваат работните средби со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на кои порача дека сака да ги слушне аргументите зошто Албанец не би можел да биде премиер.

Доаде дека тие стојат на оваа барање кое е дел од преговорите за коалиција.

„Сакам да слушнам аргументација по оваа прашање, отворени сме да дебатираме, зошто не премиер Албанец. Ако излезат со некој силен аргумент, тука сме да го разгледаме. Отворено е ова прашање, но ќе кажам колку сме блиску, толку сме далеку од договор. Нормално дека преговараме и ги изнесуваме нашите ставови на маса, но не би сакале да се крева еуфорија и емоции околу оваа прашање. Не би сакале да ја оптоваруваме јавноста и со шпекулациите за моделот 2 години со 2 или 3 со 1“, рече Ахмети.

Тој вели дека коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ според него е невозможна и дека ваквиот чекор би предизвикал мултиетнички тензии.

Црвените линии за договор за коалиција за ДУИ, покрај барањето за премиер Албанец, се и спроведување на Преспанскиот договор, договорот со Бугарија, Охридскиот рамковен договор и ветинг за сите функценери.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хаос во Италија: Масовна пресметка меѓу Македонци и Албанци заврши со апсења

Земјотрес почувствуван во Охрид и околината

Македонска Каменица во тридневна жалост по трагичната смрт