Утрински Весник
Свет

Научниците предупредуваат: Резултатите се загрижувачки, итно да се спречи порастот на температурата

Научниците предупредуваат: Резултатите се загрижувачки, итно да се спречи порастот на температурата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Последната деценија беше најтопла откога се мерат температурите на воздухот, потврдија научниците.

Извештајот, кој предупредува на последиците од глобалното затоплување, го направиле 520 научници од 60 земји, и покажува дека секоја деценија од 1980 година е потопла од претходната, пишува британски „Гардијан“.

Најтопол период е од 2010 до 2019 година, а температурата значително се зголемила од 2014 до 2019 година, кога беа поставени и рекорди.

Тоа е период кога Европа, САД и Индија беа погодени од топлотни бранови. Тогаш беа измерени и високи температури на Арктикот, а пожарите беснееја од Калифорнија, преку Грција до Австралија.

Климатологот од Универзитетот во Пен, Мајкл Ман, предупреди дека мора да се преземат итни активности во наредната деценија за да се намали порастот на температурата.

Научниците предупредуваат дека светот се загреал за околу еден степен во споредба со прединдустрискиот период.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Хамас го чека пекол ако не се разоружа

Украина ја нападнала резиденцијата на Путин, Кремљ најави одговор

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо