Утрински Весник
Свет

СЗО: Зголемување на стапката на инфекција во светот

СЗО: Зголемување на стапката на инфекција во светот

Во последните 24 часа во светот се регистрирани околу 214.000 нови случаи на „Ковид-19“, така што вкупниот број на заболени е 20,16 милиони.

Светската здравствена организација објави дека од Ковид-19 досега починале 737.417 луѓе во светот, а 4.835 само во последните 24 часа, пренесува ТАСС.

Најголем број потврдени случаи сè уште има во Северна и Јужна Америка, 10.799.062, од кои 101.230 се новозаразени во последните 24 часа.

Досега во Европа се потврдени 3.641.603 заразени и 217.716 починати, а 2.757.822 заразени и 55.564 починати во Југоисточна Азија.

САД сè уште водат според бројот на потврдени случаи на Ковид-19, 5.039.709, по што следува Бразил со 3.057.470 заразени, Индија со 2.329.638, Русија со 902.701, Јужна Африка со 566.109, Мексико со 485.836, Перу со 483.133, Колумбија со 397.623, Чиле со 376.616 и Иран со 331.129 заболени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња