Утрински Весник
Свет

Грција и Франција со рекорден број новозаразени од коронавирус

Најголем број новозаболени во Грција од април
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Грчката влада соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 262 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен број нови инфекции од избувнувањето.Во Грција се заразени над 6.100 луѓе, а вирусот однесе 216 животи, пренесува АП. Бројот на заразени во Грција се зголеми откако границите беа отворени за туристите.

Рекорден број на заразени лица по укинувањето на карантинот, исто така, пријави и француското Министерство за здравство, пренесува АФП, во кое се вели дека 2.524 новозаразени со коронавирус се регистрирани во последните 24 часа.Вкупниот број заразени во Франција достигна 206.696.

Шпанија исто така бележи четирицифрени податоци за бројот на новозаразените – вчера имало 1.700, но без Мадрид, затоа што градските власти не доставиле информации заради технички проблеми, јавуваат западните агенции.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони