Утрински Весник
Економија

„Еуростандард банка“: Шпекулации и лажни информации се на штета на банката и на целиот финансиски сектор

„Еуростандард банка“: Шпекулации и лажни информации се на штета на банката и на целиот финансиски сектор

Еуростандард банка АД Скопје ја известува јавноста дека во текот на денешниот ден се пласирани лажни информации кои, како што велат од банката, се однесуваат на функционалноста на редовното работење на банката а кои директно се на штетана самата банка и нејзините клиенти.

„ За ширење на вакви шпекулации најгрубо се користи деловната мрежа на Македонска Пошта како субјект со најразвиена бренд мрежа со што индиректно се обидува да се нанесе штета како на банката така и на целиот банкарски сектор, имајќи предвид дека преку Македонска Пошта се врши најголемиот дел од платниот промет во земјата. Еуростандард банка најостро ги демантира овие невистини кои можат да имаат далекусежни последици кон банката и кон банкарскиот сектор како целина. За оваа појава Еуростандард банка веднаш ја извести НБРСМ и очекува дека истата ќе постапи согласно своите надлежности“ се наведува од банката.

Од Еуростандард банка потенцираат дека банката продолжува со своето редовно работење, заштедите на клиентите се безбедни, истите се осигурени во Фондот за осигурување на депозити, се почитуваат сите законскирегулативи за финансиско известување и за управување со ризиците од работењето.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Седница на Советот на Народната банка: Централната банка дава значаен придонес во евроинтегративните процеси на земјата

Последни два дена за амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 на матичната собраниска Комисија

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата