Утрински Весник
Свет

Во БиХ поради корупција уапсени 17 сообраќајни полицајци

Во БиХ поради корупција уапсени 17 сообраќајни полицајци

Во полициска акција наречена „ДАР 1“ спроведена на подрачјето на кантонот Сараево, Зеничко-добојскиoт кантон и во источно Сараево, уапсени се 17 полицајци.

Ова го соопшти обвинителството од кантонот Сараево.

Според сараевскиот портал „Кликс“, ова е најголема акција во полициските редови, во повоениот период во БиХ.

„Се преземаат мерки и активности против 17 полицајци од Одделението за сообраќај при Министерството за внатрешни работи на КС, кои се осомничени дека извршиле повеќе од сто кривични дела во последните неколку месеци“, се вели во соопштението.

Кривичните дела се однесуваат на злоупотреба на положбата и овластувањата.

Акцијата била спроведена по наредба на Општинскиот суд во Сараево, а извршени биле претреси на 17 локации.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина