Утрински Весник
Свет

Багдад го повика турскиот амбасадор по нападот во кој загинаа ирачки команданти

Багдад го повика турскиот амбасадор по нападот во кој загинаа ирачки команданти

Турскиот напад со беспилотни летала во кој загинаа двајца високи ирачки команданти предизвика остра реакција од Багдад, по што ирачката влада откажа состанок на високо ниво за одбрана и го повика амбасадорот на Анкара да го осуди нападот, пренесува РТ.

Ирачкото Министерство за надворешни работи во вторникот го повика турскиот амбасадор да го извести за потврденото одбивање на Ирак на нападите и прекршувањата во неговата земја и да изрази „силен протест“ за нападот со беспилотни летала во кој загинаа генерал и бригадир од пограниќните сили во ирачки Курдистан, заедно со возачот на нивното возило.

По нападот, откажана е и посетата на турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, што беше потврдено од ирачката војска.

„Турски напад со употреба на беспилотно летало таргетираше воено возило на граничарите во областа Сидекан и предизвика смрт на командантот на Втората бригада, командантот на Третиот полл и на возачот на возилото“, медиумската ќелија на ирачката безбедносна рече во твит.

Двајцата команданти биле на средба со членовите на Курдската работничка партија (ПКК) за време на нападот, изјавија двајца ирачки безбедносни извори за Асошиејтед Прес, а градоначалникот на Сидекан, град северно од Ербил, истакна дека тие воспоставуваат нови пунктови во регионот со курдско мнозинско население.

Иако Анкара допрва треба јавно да прокоментира за жртвите од висок ранг во нападот, турското Министерство за одбрана објави дека во вторникот вечерта „неутрализирала“ двајца борци на ПКК во „воздушна операција“ над северен Ирак.

Турција ја смета ПКК за терористичка организација и се судира со од 1970-тите, неодамна почнувајќи чести напади и во сопствениот југоисточен регион и во северен Ирак, каде што е базирана групата.

Ирачкото МНР го повика турскиот амбасадор барем во два други наврати годинава за слични воздушни напади врз цели на ПКК во северниот пограничен регион, постојано критикувајќи ги операциите како кршење на ирачкиот суверенитет.

Турција, од своја страна, смета дека и Багдад и регионалните курдски власти не прават доволно за да ги спречат нападите на ПКК, иницирани од ирачката страна на границата, фалејќи се со стотици воздушни напади врз групата во последните месеци.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk