Утрински Весник
Свет

Нов Зеланд збунет за потеклото на вирусот, можно е да дошол на пакувања со замрзната храна

Нов Зеланд збунет за потеклото на вирусот, можно е да дошол на пакувања со замрзната храна

Официјални претставници во Нов Зеланд испитуваат дали новите случаи на Ковид-19, регистрирани во земјата по повеќе од три месеци, се резултат на вирус кој пристигнал преку увезени пакувања со замрзната храна, а во земјата се воведени строги мерки за борба против ширењето на короната.

Откривањето на четворица заразени членови на семејство од Окленд, по 102 дена без вирус во земјата, ја поттикна премиерката Џасинда Ардерн брзо да воведе нови строги ограничувања за движење во најголемиот град во Нов Зеланд и ограничувања за патувања низ целата земја.

Двајца членови од заразеното семејство посетиле туристички места јужно од Оклаед, оддалечени на околу три часа возење, додека веќе имале симптоми, а третиот отишол да работа во финансиска фирма во Окленд, исто така со симптоми на заболувањето.

Повеќе од 200 луѓе се идентификувани како блиски или случајни контакти, а здравствените службеници се подготвуваат да тестираат десетици илјади луѓе во наредните денови.

Изворот на епидемијата ги збуни здравствените власти во земјата, кои се убедени дека во Нов Зеланд немало локално пренесување на вирусот веќе 102 дена и дека семејството не патувало во странство.

„Напорно работиме за да ги собереме сите делови од сложувалката за тоа како се заразило ова семејство“, рече раководителката на здравствениот систем во Нов Зеланд, Ешли Блумфилд.

Спроведените тестови ја откриле можноста за потенцијален увоз на вирусот преку замрзната храна.

Блумфилд рече дека во тек е тестирање на работните површини во магацин за разладување во Окленд, каде работел човек од заразено семејство. Инфицираниот маж веќе неколку дена е на боледување, а сите вработени се испратени дома.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме