Демијан Лилард го израмни сопствениот личен рекорд со 61 поен, а беше и асистент до Хасан Вајтсајд за одлучувачкото забивање за Портланд трејлбејзерс да стигнат до 134:131 победа над Далас маверикс во Орландо.
Лилард стана првиот кошаркар во историјата на Портланд кој во два последователни меча постигнал над 50 поени. Тој имаше помош од Кармело Ентони, кој имаше 26 поени, а заедно двајцата имаа 12 од 15-те тројки на Трејлблејзерс.
На Далас не им помогнаа ниту 20-те постигнати тројки, предводени од Криштапс Порзингис со 7 тројки и 36 поени, а сите пет стартери имаа двоцифрен број на поени – Лука Дончиќ имаше 25 поени и 10 асистенции, Тим Хардавеј Јуниор заврши со 24 поени, Фини-Смит имаше 15, а Бурк 12 поени.
НБА
Портланд – Далас 134:131
Милвоки – Вашингтон 126:113
Феникс -Филаделфија 130:117
Бостон – Мемфис 122:107
Сакраменто – Њу Орлеанс 112:106
Сан Антонио – Хјустон 123:105
Бруклин – Орландо 108:96
> Лилард со неверојатни 61 поени за да обезбеди плејоф за Портланд <