Утрински Весник
Свет

Руската вакцина веќе ја бараат 20 земји

Германски експерт очекува вакцина против коронавирусoт до крајот на годинава

Откако рускиот претседател Владимир Путин објави дека е одобрена првата светска вакцина за Ковид-19, 20 држави побараа од Русија да ја достави вакцината наречена Спутник В.

Директорот на рускиот директен инвестициски фонд, Кирил Димитријев, за Раша Тудеј изјави дека веќе добиле нарачки за милијарда дози вакцини, пренесува Спутник.

„Заедно со странските партнери, ние сме подготвени да произведуваме повеќе од 500 милиони дози вакцини годишно“, рече Димитријев и додаде дека вакцините произведени во Русија ќе се користат во земјата, додека оние произведени од странски партнери ќе бидат достапни и за други земји.

Димитријев додаде дека РДИФ работи и на програма за хуманитарна помош за земјите во развој, чија цел е вакцината против коронавирусот да биде достапна за земјите што не можат да ја купат.

Објаснувајќи дека вакцинацијата е акутен проблем во најсиромашните земји, Димитријев рече дека РДИФ верува дека „вакцините треба да бидат еднакво достапни за луѓето ширум светот, без оглед на финансиската состојба“.

Иако веќе е регистрирана, руската вакцина ќе помине низ повеќе клинички испитувања во Русија и Блискиот исток.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени