Утрински Весник
Македонија

Претпладне сончево време, попладне дожд и грмежи

Претпладне сончево време, попладне дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната од 27 до 36 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје, снчево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во наредните денови следува период кога во претпладневните часови ќе преовладува сончево време, а во попладневните на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат за време на викендот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Приведен возач на автобус, управувал без возачка дозвола

ОJO со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка

Маж од гостиварско ја следел поранешната девојка и преку лажни профили и упатувал закани